Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во интервју кое го даде за New York Times, Бред Пит се огласи за муабетите кои кружат во врска со неговиот љубовен живот во последните три години.
Уште од разводот на Анџелина Џоли, медиумите го поврзуваа со бројни жени, но ниту една од овие врски не била потврдена. Пит тврди дека ретко чита написи за неговиот љубовен живот.
„Не се обидувам да го избегнам тоа. Само што не барам вакви вести. Не знам со колку жени ме поврзале во последните две или три години. Ниту една од овие приказни не е вистина. Можеби сум покажал нешто, но тоа не значи ништо”. рече тој.
Професорката Нери Оксман, дизајнерката на накит Сат Хари Калса и Алиа Шакат се некои од дамите за кои медиумите тврдат дека се неговите нови девојки.
Од разводот од Анџелина, Пит не потврди нова љубовна врска. Анџелина Џоли ја запознал во 2004 година на снимањето на филмот ,,г-дин и г-ѓа Смит”, и иако во тоа време беше во брак со Џенифер Анистон, љубовта се разгоре. За време на десетгодишната врска и двегодишниот брак, тие станаа родители на три биолошки и три посвоени деца.
Во еден момент, тој призна дека нивниот развод бил поттикнат од неговата зависност од алкохол.