Home Шоубизнис Бред, Џоли и Арминка од БиХ – каква е поврзаноста на ова трио

Бред, Џоли и Арминка од БиХ – каква е поврзаноста на ова трио

Причината за нарушените односи меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли биле британската политичарка Арминка Хелиќ (48), која имала потекло од Грачаница, крај Тузла, и британката Клое Далтон (37), пишуваат британските таблоиди.

Тие се советнички на Анџелина, кои Бред Пит наводно веќе не можел да ги поднесува, бидејќи не се одвојувале од неговата сопруга, па тој со неа веќе не можел ни да позборува на само.

Персоналот кој работел кај  холивудската двојка, наводно, двете жени ги нарекувал вештерките кои ја маѓепсаа Анџелина.

Џоли, Хелиќ и Далтон
Џоли, Хелиќ и Далтон

Бред побарал постапката на разводот меѓу него и Анџелина да биде таен, но судот го отфрлил барањето. Актерот побарал и документите за грижата над шесте деца да бидат тајни. Во моментов грижата за децата ја има Анџелина, а Бред сака таа грижа да биде заедничка.

Според пишувањето на странските медиуми, Анџелина го обвинила својот сопруг за злоставување на синот Мадокс само за да може да ја добие работата во Обединетите нации и да се пресели во Лондон, а тоа ќе го можела само доколку ја имала грижата за децата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…