Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од редовите на бразилскиот национален тим претпоставуваат дека повредата на Марсело на грбот не е резултат од нешто што се случило за време на мечот со Србија.
Левиот бек на Реал Мадрид синоќа го напушти теренот со болки во грбот, но добрата вест е дека не станува збор за сериозна повреда, па Марсело сигурно ќе биде спремен за осминафиналниот дуел со Мексико.
Натпреварот со Мексико се игра во понеделник и до тогаш Марсело ќе биде спремен за игра, но лекарскиот тим на Бразил има интересна теорија како дошло до повредата.
„Повредата може да е причинета од душекот на неговиот кревет во хотелот во Москва“, коментираше лекарот на „кариоките“ Родриго Ласмар.