Бразилскиот талент го избра ПСЖ пред Барса и Челзи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Играчот за врска на Сантос и млад бразилси репрезентативец Тиаго Маија е новиот бразиски „бисер“ кој следното лето би требало да пристигне во Европа.

Силен интерес за талентираниот Бразилец покажуваат Барселона, Челзи и ПСЖ, а судејќи по неговите зборови тој веќе ја избрал следната дестинација.

„Каде би играл во Европа? Мојот одговор е секогаш ПСЖ. Знам дека за мене се интересираат и други клубови, но Маркињос е мој најголем пријател и секогаш ми кажува убави работи за тој клуб. Би сакал да му се придружам во Париз“, изјави Маија.

Тиаго Маија важи за еден од најталентираните играчи за врска во светот, има само 19 години и следното лето гигантите ќе водат голема битка за неговиот потпис.