Бразилскиот претседателски кандидат Болсонаро избоден со нож на митинг (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хаир Болсонаро, водечкиот кандидат за претседател на Бразил кој вчера беше избоден со нож не е во животна опасност, пренесува неговиот син.

Бројните снимки на социјалните мрежи прикажуваат како Болсонаро, чија изборна програма опфаќа и намалување на стапката на криминал во најбројната јужноамериканска држава, е прободен во долниот дел на стомакот.

Полицискиот портпарол Флавио Сантијаго потврди за Асошиејтед прес дека Болсонаро бил прободен и дека напаѓачот е фатен. Тој додаде дека Болсонаро е во болница и дека е во добра состојба.

Болсонаро, поранешен воен офицер, е прв според популарноста во анкетите, пред поранешниот левичарски претседател Луис Инасија да Силва, кој е во затвор, но во тек е жалбена постапка. Инаку, Болсонаро со носталгија зборува за периодот на воената диктатура од 1964 до 1985 и ветува дека владата ќе ја наполни со сегашни и поранешни воени лидери.