Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот шампион Јувентус е на чекор од нов трансфер. Бразилските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ се договориле со 18-годишниот десен бек на Фламенго, Весли.
Договорот на бразилскиот талент со Фламенго истекува на крајот на сезоната, а Јувентус веќе постигнал комплетен договор со неговиот агент, Мино Раиола.
Весли има 18 години и е класичен пример на бразилски бек – брз е, со одлична техника и многу офанзивен.
„Старата дама“ веќе подолго време ги следеше настапите на бразилскиот тинејџер, а клучен човек во реализација на трансферот е контроверзниот агент Мино Раиола. Тој го наговори играчот да не го продолжува договорот со Фламенго, што му донесе непријатности со клубот, сепак на крајот на март ќе биде слободен да потпише со друг клуб.
По доаѓањето во Торино најверојатно ќе му се приклучи на младинскиот тим на Јувентус, а планот е на лето да биде испратен на позајмица во некој од помалите клубови во Серија А.
Се очекува наскоро Јувентус и официјано да го потврди трансферот. Ова ќе биде втор трансфер на „бјанконерите“ без обештетување откако претходно потпишаа договор со Арон Рамзи.