Бразилската легенда: Реал Мадрид со Нејмар ќе биде непобедлив!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на бразилскиот фудбал, Бебето тврди дека доколку Реал Мадрид успее да го привлече Нејмар едноставно ќе биде непобедлив.

Веќе неколку месеци се погласни се шпекулациите дека Нејмар ова лето ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, иако од Париз не сакаат да слушнат за неговата продажба.

Бебето тврди дека доколку Нејмар го засили Реал Мадрид, „кралевите“ ќе бидат непобедливи.

„Реал е голем тим со импресивна историја. Играч како Нејмар сепак може да го најде своето место во овој тим. Ќе биде тешко за него да го напушти ПСЖ и како целина овој трансфер би бил доста сложен. Со фудбалер како него во тимот „кралевите“ едноставно ќе бидат непобедливи. Тоа ќе биде одличен трансфер за нив“, истакна Бебето.