БРАВО! Мертенс постигна два гола ама цел Неапол пишува за – Елиф Елмас!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Eлиф Елмас пред два месеци за сума од 16 милиони евра се пресели од Фенербахче во Наполи, пишува Спортски.мк.

Уште на стартот медиумите во Неапол имаа големи очекувања од македонскиот бисер кој важи за еден од најпреспективните играчи во најсилните првенства. Елмас вчера за прв пат беше стартер во Серија А во натпреварот против Сампдорија.

Наполи тој натпревар го доби со 2:0, двата гола ги постигна Белгиецот Дрис Мертенс. Елмас не се запиша во листата на стрелци и не асистираше, но и покрај тоа во Неапол за неговиот настап се пишува со воодушевувањe.

Едни од најпознатите италијански имиња после вчерашниот настап на големо го фалеа Елмас.

„Дрис Мертенс постигна два гола, но навивачите веќе се навикнати на такво нешто од Белгиецот, па затоа сцената ја украде момчето кое за 20 дена ќе наполни 20 години. Елмас е роден 24-ти септември 1999 година, но воопшто не изгледа така на теренот. За него тоа беше прв старт во Серија А пред домашната публика, меѓутоа кај него не можеше да се забележи некаков притисок или страв. Може да игра на сите позиции во средината, во репрезентацијата го користат и како напаѓач. Тој е играч каков што посакува секој тренер“, пишува новинарот од Неапол, Виторио Пероне.

Енрико Вариале кој работи во државната телевија „РАИ“ во извештајот за натпреварот кратко го прокоментира и настапот на Елмас.

„Сигурна победа на Наполи кај Сампдорија. Мертенс постигна два гола и обезбеди триумф, но тој не беше најдобар на теренот. Тој епитет од мене оди за Елиф Елмас. Има 20 години и фантастични предисопозиции“, стои во делот за Вариаеле за Елмас.

Пофалби за Елмас стигнаа и од новинарот кој важи за експерт на трансфер пазарот Алфредо Педула. За Педула Елмас не е обично засилување за Наполи.

„Тој не е обично засилување има се зада биде големо засилување. Елмас го освојува Неапол уште сега, а има само 20 години. Анчелоти знаеше каков играч е и затоа притискаше клубот да му го доведе. Големо браво и за него и за Елмас. Наполи има модерен фудбалер кој може се на средината од теренот“, пишува Педула.