Браво, мали: Момче со аутизам ја изгради најголемата реплика на Титаник


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најголемата реплика на најпознатиот брод на сите времиња, Титаник, составена од Лего коцки, десетгодишното момче со аутизам ја градеше речиси 11 месеци, повеќе од 700 работни часа. Неговото дело премиерно ќе биде изложено во музејот „Титаник“ во Тенеси.

Бринјар Карл Бигисо од Рејкјаик, својата реплика на Титаник ја изгради од 56.000 Лего коцки. Неговиот модел е долг седум метри, а висок метар и половина. Младиот Исланѓанец се сеќава дека веќе од петгодишна возраст ужива во играње и редење Лего коцки.

„Си игра со часови. Некогаш градев познати градби, а некогаш измислував свои“, вели Бигисо.

Како што минувале годините, Бринјар станал опседант со возови, сè додека еднаш не отишол на риболов со својот дедо Лудик, кога кај него се разбудил интересот за бродови. Додека наполнил десет години, знаел речиси сè што може да се знае за Титаник.

„Кога со мама патував во Леголенд во Данска, видов неверојатни модеи на познати куќи, авиони, локации и бродови. Тогаш почнав да размислувам дека и јас сакам да направам свој Лего модел“, открива малиот кој успеа да ја реализира својата замисла и желба.

Бринјар, со помош на родителите и своите пријатели, собрал пари за купување на Лего коцките. Вели дека, градејќи го Титаник, успеал да го прифати својот аутизам. Пред да го започне својот проект, имал потешкотии со комуникацијата, поради што често бил несреќен и осамен. Денес има доволно самодоверба сам да дава интервјуа за своето достигнување.