Братот на напаѓачот од Манчестер подготвувал атентат врз член на ОН


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шефот на мисијата на ОН за помош на Либија, Мартин Коблер бил мета на напад на џихадистичка келија во која член бил помалиот брат на напаѓачот од Манчестер, пишува британски „The Telegraph”.

Нападот требало да се изврши претходно оваа година за време на посетата на Коблар во Триполи. Дипломатски извор прецизира дека нападот бил спречен.Либиските сили за безбедност со месеци ја следат групата во која Хашим Абеди, 20-годишниот брат на Салман „е важен учесник“.Џихадистите планирале да создадат експлозивна направа и да ја користат против конвојот на Коблер.