Братот на Конте откри дали Италијанецот го презема Реал Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се погласни се шпекулациите дека Реал Мадрид наскоро ќе го отпушти Лопетеги, а прв кандидат за негов наследник е Антонио Конте.

Евентуален неуспев во „Ел Класико“ би можело да значи и отказ за Лоптеги, а шпанските медиуми тврдат дека Перез веќе го контактирал Конте.

Италијанскиот стратег во моментов води правна битка против неговиот поранешен клуб, Челзи, а неговиот брат Даниеле тврди дека немало контакт со „кралскиот“ клуб.

„Антонио во моментов е на одмор и се уште нема добиено никаква понуда, ниту пак телефонски повик од Реал Мадрид. Јасно е дека тоа е голем клуб, но засега немаме остварено контакт со нив“, истакна Даниеле Конте.