Брат и сестра ги разделиле пред 34 години – семејна драма со неверојатен расплет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џастин Крагт имал само две години кога бил пронајден како сам и напуштен плаче пред театарот во јужнокорејскиот град Сеул.

Нешто подоцна, на еден километар оддалеченост од тоа место, пред еден маркет во Сеул, било пронајдено напуштено четиригодишно девојче. Полицајците во нејзиниот џеб нашле парче хартија на кое пишувало дека нема родители и ја одвеле во полициската станица.

Тоа било во 1984 година, а набрзо двете деца биле одделно посвоени. И двајцата биле посвоени од родители од САД. Џастин пораснал во Орегон, а Рени во Калифорнија. Не знаеле еден за друг и не знаеле дека, всушност, се брат и сестра, пренесува ABC News.

Денес и двајцата се во триесеттите години од животот и дознаа еден за друг благодарение на DNK тестирањето преку 23andMe. Џастин на ова тестирање се подложил во 2014 година за да ги пронајде своите роднини во Јужна Кореа, а Рени се тестираше ова лето. Беа шокирани кога испадна дека во САД се имаат еден со друг.

Ова лето се сретнаа за прв пат во живо при што Рени отпатува во Орегон за средбата со Џастин. Истата беше прилично емотивна, трогателна, исполнета со солзи и прегратки.

„Сега кога знам дека Џастин е на само еден меил, авионски лет или повик оддалечен од мене, навистина се промени начинот на кој се гледам и самата себе“, вели Рени, а Џастин додава: „Сега заглави со мене“.