Бранимир Јовановиќ, советникот на Тевдовски, ја напушти функцијата во министерството


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преку објава на неговиот Фејсбук профил, Бранимир Јовановиќ, кој беше на функцијата советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, објави дека ја напушта советничката функција и си заминува од ресорното министерство.

„По скоро две години, се повлекувам од Министерството за финансии. Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите.

Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии.

Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период – семејството, блиските, нештата кои ги сакам“, напиша Јовановиќ на фејсбук.