Брачен пар со тужба против Mercedes – им било страв да го возат нивниот модел S-Class


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И додека за поголемиот број љубители на автомобилскиот бренд Mercedes S-Class е најдобриот автомобил на светот, има и такви за кои истиот е извор на кошмари.

Во овие вториве, далеку, далеку помалкубројни, спаѓа и една брачна двојка од Ванкувер. Уште во 2017 година, Датонг Јанг и Гуифанг Хуо купиле нов автомобил од S-класа, S 550 и платиле 160.000 долари за него. Првите проблеми започнале уште пред првиот роденден на најпрестижниот Мерцедес.

Според Vancouver Sun, по околу 6.500 километри, воланот се заглавил за време на возење. Непријатниот инцидент многу ги исплашил, па автомобилот го вратиле на бензинска станица. Во сервисниот центар Мерцедес во Ричмонд, го провериле управувачкиот систем и откриле дека сè е во ред.

Сепак, бидејќи S-Class била повлечена во САД поради проблеми со серво управувачот, и тоа оние произведени помеѓу 2015 и 2019 година, сомнежот за дефектот останал. Имено, утврдено е дека транзисторот во контролното коло може да се прегрее, што резултира со исклучување на сервото.

Од застапништвото во Ричмонд, наводно им било речено на парот да продолжат да го возат автомобилот или да го продадат. Тие ја избрале третата опција и трајно го паркирале автомобилот во април 2018 година. Јанг изјавил дека се плаши да го вози, но и дека не сака да го продаде автомобилот и да го пренесе проблемот на некој друг.

Тие исто така дефектот го пријавиле во германското седиште на Мерцедес, од каде што им рекле дека автомобилот мора да се поправи како дел од повлекувањето.

На почетокот на 2019 година, двојката го тужела дилерот на Мерцедес во Канада за неспецифичен дефект и губење на задоволството од возењето. Наводно, Мерцедес-Бенц Канада постојано ги одложувал судските постапки, вели Јунг, нагласувајќи дека со оваа тужба се бори за безбедноста на своето семејство, како и на другите сопственици.