Славни

Божиќно изненадување: ЛеБрон Џејмс на семејство од Акрон им однесе 1,3 милиони долари

Семејството Вортон од Акрон, во американската сојузна држава Охајо, го доби најдобриот подарок за Божиќ за кој не можеа ниту да сонуваат дека би го добиле.

Не само што ова семејство од Акрон осои 1,3 милиони долари на новиот квиз The Wall кој ќе почне да се емитува на NBC, туку парите во домот лично им ги достави најголемиот син на Акрон, ЛеБрон Џејмс.

Најдобриот кошаркар на денешницата е еден од извршните продуценти на The Wall, а во премиерната епизода која ќе биде прикажана на почетокот од јануари семејството Вортон освои дури 1,3 милиони долари.

ЛеБрон одлучи да ги изненади за Божиќ сопружниците Џон и Ејнџел кои не ни можеа да замислат дека лично кошаркарот на Кливленд ќе им ги донесе парите во две големи торби. Тие двајца, а посебно Ејнџел, и нивните две деца Џон Рамон (9) и Кара (7) повеќе се израдуваа на појавата на Џејмс во нивниот дом, отколку на паричната награда.

Advertisements
To Top