Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Традиционално пред празници се зголемуваат цените на најбараните производи. За бадниковата трпеза на која треба да се најдат риба, гравче, костени, ореви, суво овошје a за Божик уште и свинско печено, граѓаните и годинава ќе треба да потрошат повеќе од обичните денови. Иако реагираат на високите цени, граѓаните не се откажуваат од традиционалното купување за овој празник. Велат колку им дозволува џебот, толку продукти ќе се најдат на трпезата.
Трговците во борбата за заработка и годинава, непосредно пред празниците, ги зголемија цените на најкупуваните продукти.
Костените денеска на зелените пазари се продаваа по цена од 200 и повеќе денари за килограм, а оревите од 150 до 200 денари. Тиквата зависно од квалитетот од 10 до 20 денари за килограм. Јаболкото достигна цена од 20 денари, но ајдаретот ја задржа цената од 15 денари за килограм. Портокалите кои вообичаено се дел од бадниковата трпеза и им се даваат на коледарчињата се продаваа по цена од 25 денари, додека мандарините по 35 денари за килограм.
За разлика од пазарите во маркетите со акции се обидуваат да ги намалат цените, па пазарувањето пред празниците во овие објекти е поприфатливо. Но, и таму цената на костените и оревите не падна под 150 денари. Овошјето скоро да има еднаква цена со пазарите. Јаболката се продаваат по цена од 16 до 20 денари, портокалите 25 денари. Рибата, онаа најевтината ослич, се продава по цена од 100 до 150 денари за килограм.
Цената на јаткастите плодови, пак, урива рекорди, оревите подолго време се продаваат од 500 до 700 денари за килограм, бадемите одат до 800 денари, додека лешниците достигнуваат и до 1.000 денари за килограм. Најевтини се кикириките кои лупени се продаваат по цена од 150 денари за килограм, но струмичките се малку поскапи и достигнаа цена од 200 денари.
Празнувањето не може да помине и без бадниковите гранчиња. Тие денеска се продаваа по цена од 10 до 60 денари зависно од големината. Бадниковото лепче со паричка и годинава со цена од 20 денари.
Граѓаните иако се револтирани, сепак, според можностите купуваат она што мислат дека треба да се најде на нивната трпеза за достојно одбележување на претстојниот празник.