„Боже“ – руска плагијат верзија на „Боже чувај ја од зло“ од Тоше Проески (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не дека имаме право да им прпаме на Русиве кога станува збор за плагијат украдени песни – Владо Јаневски цела кариера направи на нивни оригинали, со негов текст, ама редно е да се каже и посочи.

„Землјане“ е една од најславните, најпопуларни и најстари руски рок бендови, кој сега го претстави својот официјалне спот за песната „Боже“. Финтата е што типциве ја украле буквално цела музика од „Боже чувај ја од зло“, а во информациите за песната пишува дека музиката е авторски потпишана од Владимир Трушин. Оттука, очигледно е дека станува за класичен плагијат и крадење на авторска творба, а не за преработка.

Од „Фокус” пренесуваат дека стапиле во контакт со одговорните во бендот, но нивниот одговор беше дека ќе ги побараат подоцна.