Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски очекува екс премиерот Никола Груевски да заврши во Шутка за своите криминали кои ги направил.
Пред истражниот затвор „Шутка“ Груевски на присутните им раскажува како тој ќе се борел за да ги извади луѓето притворени за учество во рушењето на уставно-правниот поредок на Македонија, а според сите прописи тоа треба да биде негов иден дом, рече претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
„Најблиските негови соработници не отидоа ниту на таканаречениот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово“ рече Бошкоски.
„Откако сфати дека нема биде лидер, на Груевски му текнало дека сака да биде банкар. Тоа ме потсети на скечот на српскиот глумец Шојиќ, кој му вели на Пантиќ дека сакал да биде „капетан на бела лаѓа, но пред тоа мора во ќорка“ се пошегува Бошкоски.
„Им порачуваме на нашите браќа од ВМРО, вратите на Обединети за Македонија се ширум отворени, затоа што ние сме ВМРО. Ги повикуваме масовно да се приклучуваат и ги разбираме нивните проблеми со кои се соочени“ оцени Бошкоски.
На отворањето на штабот на Обединети за Македонија во Кисела Вода тој кажа дека имаат јасна визија за Македонија, дека знаат како треба да се гради земјата и со какви проблеми е соочена. Најави дека имаат решенија за тие проблеми.
– Како десничарска, демохристијанска партија ќе направиме се за да го вратиме достојниот живот во Македонија, кој е изгубен, рече Бошкоски.