Босанскиот црвен килим хит на сараевскиот филмски фестивал – сите сакаат „селфи“ со него


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Босанскиот црвен тепих кој на 25. издание од Сараево Филм Фестивал го замени вообичаениот црвен тепих, беше вистинска атракција на првиот фестивалски ден, како за фестивалските ѕвезди, така и за останатите посетители.

Камерата од сценскиот плоштад „Сузан Зонтаг“, каде првиот ден од фестивалот беше лоцирана централната свеченост, фати еден куп луѓе како застануваат и позираат со уникатниот свечен тепих, правејќи селфи со него и на него.

Новиот црвен тепих е спој на современото и традиционалното, а инспириран е од сараевски килим кој датира од 1930 година. Набавен е под покровителство на градот Сараево. Ова е прв пат вообичаениот црвен свечен тепих да биде заменет со уникатен босански килим.