Вебкафе

Босанец продава Југо 45 специјализирано за борба против вонземјани

Босанец продава Југо 45 замотано во алуминиумска фолија, со сателит од НАСА на покривот и тврди дека овој необичен дизајн на возилото е наменски направен за истото да не биде видливо за радарите на вонземските НЛО.

Во описот на огласот се наведува дека возилто е изработено како лимитирана серија на специјализирани борбени возила за борба против непознати вселенски објекти. Располага со 1.066 коњски сили, а неговата максимална брзина не е позната.

„Од опрема за земјански потреби поседува: десен ретровизор, резервно тркало, сајла за шлепање, амбиентално осветлување (над 1.000 бои, со можен автоматски или мануелен мод), ауспух, пакет опрема за полиција, мапа на светот, мобилно светлечко радио (BT, FM, USB, AUX), chip tunning STAGE X. Возилото воопшто не е забележливо на патот, така што може да се користи и за други намени, најчесто за љубовни неверства“, стои во описот.

Со Југото оди и „вселенска опрема“: Сателитски комуникатор со подесени сите можни фреквенции, така што не го попречуваат воздушниот сообраќај, може да лоцира повеќе објекти истовремено на различна оддалеченост (во светлосни години), обложено е со фолија непробојна за вонземски ласери, невидливо е за било кој вид на НЛО радарски систем. Со возилото оди и вселенска опрема“.

Почетна цена на Југото е 999,99 КМ (околу 500 евра), а истото се наоѓа во Бања Лука. Она што ги насмеа корисниците на огласникот е дека истото може да се замени за „обична цивилна верзија на Југо, крава, коза, свиња или ајкула“.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top