Борусија Дортмунд ја договори младата ѕвезда на Барса


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Борусија Дортмунд продолжува да привлекува млади и талентирани фудбалери. „Марка“ пренесува дека „милионерите“ го договориле еден од најголемите шпански таленти до 17 години.

Станува збор за Сехио Гомез, кој е дел од школата на Барселона. Германскиот клуб ќе ја активира откупната клаузула од 3 милиони евра, а играчот ќе потпише 4,5 годишен договор.

До крајот на сезоната Гомез ќе игра за младинскиот тим на Борусија Дортмунд, а од следната сезона ќе биде префрлен во првиот тим.

Гомез беше избран за втор најдобар фудбалер на минатото Светско првество до 17 години, кога Шпанија го освои сребрениот медел. Таму талентот на Барса постигна четири гола и запиша две асистенции.