Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Борусија Дортмунд минатото лето го донесе големиот талент Џадон Санчо од Манчестер Сити кој оваа сезона блеска во жолтиот дрес, па сака да ја повтори истата „операција“ со друг талент на „граѓаните“.
Имено, германските медиуми пренесуваат дека „милионерите“ се сериозно заинтереситани за 19-годишниот играч за врска Брахим Диаз.
Диаз синоќа доби шанса од Гвардиола и ја покажа својата класа, па постигна два гола во победата над Фулам.
Сепак, за 19-годишниот Диаз нема простор во првиот тим на „граѓаните“, па тој може да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Многу европски клубови се заинтересирани за Шпанецот, а најсилен интерес покажува Борусија Дортмунд. „Милионерите“ сакаат да го „украдат“ талентот бидејќи Диаз има договор до крајот на сезоната.
Манчестер Сити пак не сака да ја повтори истата грешка со Санчо и прави се за да го продолжи договорот со играчот, а потоа е спремен да го испрати на позајмица.
https://youtu.be/echzT3sLCps