Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вуко Борозан и ракометниот клуб Вардар постигнаа договор за продолжување на соработката. Црногорецот со Вардар потпиша нов четиригодишен договор.
23-годишниот Борозан, ќе го носи дресот на Вардар најмалку до 2021 година откако со клупското раководство постигна договор за продолжение на соработката.
Црногорецот сезонава со Вардар ја освои СЕХА лигата, а со клубот ќе учествува и на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Борозан во кариерата има настапувано во Ловќен, Карловац, Металург и Либек.