Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преку својот Фејсбук профил новинарот Борјан Јовановски најави дека денес со џоинт ќе протестира пред Основното јавно обвинителство поради притворот на активистката Моника Ристеска. Тој ги повика да му се придружат сите поддржувачи на легализација на марихуаната за рекреативна употреба.
„Драги пријатели, сите кои конзумирате канабис ве повикувам утре на пладне секој со својот џоинт да се собереме пред ОЈО. Притворот за луѓето кои уживаат канабис е недопустлив во ова време кога цел цивилизиран свет го легализира уживањето на марихуаната! Притвор за криминалци Слобода за слободољубци. Правда за @monikakonopova“, напиша тој.