Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет.

„Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене“, рече Борисов во парламентот.

Toj претходно изјави дека категорично одбива да му се одземе имунитетот.

Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“, афера во која поранешниот премиер е под истрага три години.

Според обвинителот, собрани се докази дека Борисов перел пари давајќи незаконски стекнати пари на трети лица за купување недвижен имот во странство.