Борисов „преживеа“ – останува премиер на Бугарија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговата Влада го преживеаја петтото гласање за недоверба, откако денес во парламентот во Софија 124 пратениции гласаа „против“ импичментот на Борисов, 102 се изјаснија владата да падне, а 11 беа воздржани.

Веста не е изненадувачка, објави њузсајтот novinite.bg, затоа што веќе неколку дена се знае дека ГЕРБ и Патриотите ги затоплија односите, додека пратениците на Волја индиректно го поддржуваат кабинетот „Борисов 3“, останувајќи воздржани.

Гласањето беше неуспешно, рече претседателката на парламентот Цвета Карајанчева со воодушевување рече веднаш по гласањето, а пратениците на БСП веднаш излегоа од салата, во знак на протест. Премиерот Борисов не беше присутен на гласањето.

Пред зградата на Националното собрание, демонстрантите ја поздравија веста со скандирања „Оставка“.