Борисов нè блокираше кога беше премиер, сега почна да ги врти муабетите: Замислете да сте Македонци и соседот да ве блокира


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов чија Влада стави вето на Македонија за европски интеграции, сега изјавува дека членството на Македонија во Унијата за него е стратешка цел. Борисов упати и порака дека треба да се спречи говорот на омраза чиј извор го лоцираше кај бугарскиот Претседател Радев кон кого упати серија на обвинувања за односите меѓу двете држави.

-Замислете си дека вие сте Македонци. И соседите, најблиските луѓе ви велат: ‘Нема да одите во Европската Унија. Нема да одите таму. Дали ќе ве сакаат? И затоа се обидуваме со Зоран Заев, и со Стево Пендаровски, се разбира, да направиме така што работите ќе тргнат од долу нагоре. Да, историјата е исклучително важна. Но, за какви прашања да преговараме. Историјата е важно нешто, но оставете историчарите да си ја завршат работата, вели Борисов.

Токму со Радев денеска предвидено е да се сретне македонскиот премиер Заев кој пред почетокот на НАТО самитот порача дека очекува низ разговори да се најде решение за Македонија да добие зелено светло за почеток на преговори.

Дел од аналитичарите во земјава велат дека промената на ставовите кај Борисов е мотивирана од случувањата на бугарската политичка сцена, но и од притисокот од земјите-членки за Македонија да ги започне преговорите со Унијата.

Дијалогот меѓу Скопје и Софија се интензивираа откако минатиот месец во двете држави предлог за компромис донесоа еврокомесарот за проширување Вархеји и шефот на португалската дипломатија Силва, а Македонија шансата за почеток на преговори со ЕУ ја очекува идната недела на 24 и 25 јуни на самитот на ЕУ.