Борис Џонсон си поднесе оставка од премиерската и партиската функција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Борис Џонсон, човек во центарот на многу скандали, тукушто објави дека ќе се повлече од функциите претседател на конзервативната партија и британски премиер откако го напуштија министрите и повеќето негови конзервативни пратеници.

Доколку волјата на Конзервативната партија е нов лидер да дојде на чело, можам да кажам дека процесот на избор на тој лидер треба да започне сега. Ќе ја водам владата додека не се именува нов лидер, рече Борис Џонсон на прес-конференција и додаде дека неговата партија на последните избори освоила најголем број гласови од 1979 година.

„Се борев толку напорно во изминатите неколку дена затоа што почувствував дека тоа е моја задача, моја должност и моја обврска, да го продолжам она што го ветив во 2019 година. Исклучително сум горд на постигнувањата на оваа влада“, рече Џонсон набројувајќи ги постигнувањата на владата.

Тој упати и порака до Украина дека ќе продолжи да добива поддршка во борбата против руската агресија сè додека тоа е неопходно.

Џонсон рече и дека во последните неколку дена сметал дека не е добро да се смени владата кога има таква поддршка од јавноста, но истакна дека не успеал да ги убеди своите сопартијци дека тоа е мудро.

Џонсон рече дека е тажен сум што поднесува оставка „од најдобрата работа на светот“. Тој им се заблагодари на своето семејство, службите и на националниот здравствен систем, но и на вооружените сили и британските агенции, како и на оние што го поддржаа во партијата.

„До именување на нов премиер, работата на владата ќе продолжи. Работата на премиерот е да се образова, јас ги посетив сите делови на Обединетото Кралство и запознав многу луѓе кои ја имаат таа британска оригиналност и имаат оригинален пристап кон проблемите. Иако времињата изгледаат мрачни, нашата иднина е светла“, рече Џонсон.

Како дојде до оставката на Џонсон?

Околу 60 министри и членови на владата на Џонсон поднесоа оставки од вторник до денеска. Меѓу нив и клучните министри на премиерот Риши Сунак и Саџид Џавид.

Тие истакнаа дека се незадоволни од раководството на Џонсон, и дека сметаат дека тој треба да поднесе оставка поради многубројните афери.

Актуелниот премиер првично ја отфрли таа опција, нагласувајќи дека негова работа е да ја води државата низ тешки времиња.

Џонсон досега неколкупати беше на работ на политичката бездна поради разни скандали – „Партигејт“, односно кршење на мерките за корона и присуство на забави во неговиот кабинет во Даунинг стрит во време кога земјата беше под строг карантин и не беше дозволено собирање на повеќе од две лица, потоа спорни трошоци за реновирање на неговата резиденција, но и работи поврзани со неговиот приватен живот.

На позицијата премиер е од 2019 година, кога ја презеде функцијата од Тереза ​​Меј.