Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На британскиот премиер Борис Џонсон му требаа месеци за да замине на првото негово политичко патување во странство, но тој многу брзо се раскомоти во Елисејската палата и направи потег од кој се срамат сите Британци.
Џонсон беше снимен како ја крева едната нога и ја става на масичката пред него на официјалната посета кај Емануел Макрон, мафтајќи им на фотографите во просторијата за да го фотографираат. Макрон сето тоа го набљудуваше делувајќи како да се забавува.
Тоа се случи откако двајцата политички лидери им се обратија на новинарите во Елисејската палата. Од палатата подоцна објавија дека разговорот бил „конструктивен и темелен“.
„Допатува во Париз очаен по помош од Макрон, а потоа ја стави ногата на маса“, „Тргни ја ногата од масата. Агресивец. Без култура“, „Ми падна вилицата пониско од неговата пристојност“, беа само некои од коментарите.
I don’t remember you complaining when Joey did it #friends #doublestandards #borisjohnson #foot #table #elysee pic.twitter.com/lyRgstewNI
— GorkaStalka (@ThomMannish) August 22, 2019