Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Борис Бекер и неговата сопруга Лили се разведуваат после девет години брачне живот. Адвокатот на славниот тенисер потврди за медиумите дека деветгодишниот брак дојде до неговиот крај и дека парот се разделува во мир и пријателски односи.
Борис Бекер и Лили беа во врска од 2005, а во 2009 година се венчаа и го добија синот Амадеус. Иако бракот делуваше хармоничен, изгледа дека на идилата и хармонијата крај им ставила последната година после банкротот на тениската легенда.
Лили за медиумите проговори за крахот во брачниот живот.
„Тоа беше тешка година, целосно се запуштив, почнав премногу да пијам, да пушам, излегував и не ми беше гајле. Мислев дека животот ми е пекол и дека ќе умрам. Пиев водка, пушев по една кутија цигари дневно, а Борис минуваше низ пекол и не ме ни забележуваше. Едноставно се разделивме и тргнавме секој по својот пат“, призна Лили.
Како што пренесуваат медиумите, Лили после венчавката на својот прст истетовирала „Mrs. B“, па после разводот ја покри тетоважата со голем прстен. За Борис ова е втор развод, после оној од првата сопруга Барбара, кој го чинеше повеќе од 13 милиони евра.