Боречкиот клуб „7ми МАЈ“ слави 15 години постоење!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Клубот за боречки спортови и рекреација 7ми МАЈ – Прилеп во недела на 10.11.2019 во 18 часот во спортската сала на ОУ. „Гоце Делчев“- Прилеп, организира прослава по повод својот јубилеј 15 години постоење на клубот.

За таа цел клубот ги поканува сите љубители на борењето да го посетат овој настан и заедно да го прослават овој значаен јубилеј.

Клубот од неговото основање, па се до денес успешно се натпреварува во повеќе категории во Македонија, но и на турнири надвор од државата. КБСР 7 Мај, последниве 15 години дал повеќе македонски репрезентативци кои успешно ги бранат боите на Македонија.

КБСР 7 Мај веќе традиционално го организира меѓународниот турнир „Љупчо Црвенкоски“ на кој секоја година учествуваат 150 борачи од Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Унгарија.