Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден австриски бордел експресно одлучи да купи и втора секс кукла, откако првата која ја купија и ја ставија на листата на своите понуди, испадна попопуларна од вистинските жени.
Куклата Фани брзо стана најбараната атракција во борделот Kontakoff во Виена. Фани, чие користење муштериите го плаќаат 80 евра за час, често е резервирана и по неколку дена, па од борделот одлучија да купат уште една таква секс кукла.
Откако Фани, висока 155 сантиметри и тешка 38 килограми, толку многу се прослави и други бордели почнаа да вклучуваат услуги од секс кукли во своите понуди, пренесуваат австриските медиуми.
Питер Ласкарис, менаџер на два бордела во Виена, вели дека таквите кукли можат да чинат и до 7.000 евра, а дека очигледно станува за „модерен фетиш“.
Психологот Герти Сенгер објаснува зошто некои мажи преферираат да имаат секс со кукла како Фани, наместо со вистинска жена.
„Како прво, мажите можат да прават што сакаат со куклата, а како второ, таа не прави ништо сама од себе, за разлика од проститутките“, вели таа.