Вебкафе

Борба против злоупотребата: Германски циркус користи холограми наместо вистински животни

Очигледно сè повеќе зоолошки градини и циркуси го менуваат концептот и системот на работа и функционирање.

Германскиот циркус „Roncalli“ е првиот циркус во светот кој вистинските животни во нивните циркуски точки ги замени со нивни реалистични холограми кои се прикажуваат на спектакуларен и посебен начин, пренесува Thesciencereporter.

Овој циркус, кој постои со децении, неодамна одлучи да направи замена на вистинските животни кои ги користат во нивните циркуски перформанси и точки со 11 проектори, ласери и објективи, сето тоа стратешки поставено на различни места во салата, така што холограмите од животните се прикажуваат во исклучително реалистична појава.

Благодарение на овој труд од страна на управата на циркусот и напредната технологија, многу животни се спасени од кафез и „живот во затвор“, па луѓето можат да продолжат да уживаат во претставите зачинети со нов, помодерен и похуман пристап.

Advertisements
To Top