Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жената која мислела дека резервирала соба во хотел со голем базен не можела да се воздржи од смеа кога стигнала до сместувањето и сфатила дека фотографијата која ја видела, во суштина била обична када, но фотографирана од добар и илузивен агол.
Џени Кершо од Манчестер на својот Твитер профил објави споредбена фотографија од лажниот хотелски базен и кадата која ја дочекала во хотелското сместување кое го резервирала.
Our hotel pool in Vietnam…booking.com VS reality ??? we’ve been done there pic.twitter.com/lElDjxzFwd
— Jenny Kershaw (@jennykershawx) May 12, 2018
„Нашиот хотелски базен во Виетнам. Booking.com VS. реалноста. Ние завршивме овде“, напиша Џени во објаснувањето на сликата.
Поради аголот од кој е фотографирана кадата, таа делува како џиновски базен, но во реалноста тоа е само када со малку поголем формат.