Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан денес на пресконференција во Кина го претстави најголемото засилување, Леонардо Бонучи кој за 40 милиони евра од Јувентус се пресели на „Сан Сиро“.
Трансферот на Бонучи беше еден од најшокантните ова лето на Апенините, но и јасен синал дека Милан сака да се врати на старите патеки кога беше на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал.
„Им благодарам на фановите за топлиот пречек, тоа му дава уште поголем ентузијазам. Ги запознав структурите на клубот, Милан е нешто импресивно. Јас доаѓам овде за да бидам дел од историјата на овој голем клуб и да испишам нови страници во мојата кариера. Милан мора што поскоро да се врати таму каде што пропаѓа, а за тоа ќе треба да работиме сите заедно“, изјави Бонучи.
„Раководството работи одлично и донесе големи засилувања ова лето, сега сите заедно треба да му го вратиме сјајот на овој голем клуб. Јас сум дојден овде за да победувам, сега повеќе од било кога имам мотив за нови победи“, додаде Бонучи, а потоа потврди дека Кеси му го отстапил дресот со број „19“.
„Се направи голема фама за ништо. Кога пристигнав разговарав со Кеси и немаше никаков проблем. Франк веднаш ја разбра ситуацијата дека тој број мене ми е многу важен и ми го отстапи“, појасни Бонучи.