Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во рамки на новото судско рочиште за случајот на СЈО „Титаник 2 се преслушуваа „бомбите“ од прислушкуваните разговори меѓу Сашо Мијалков, Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, на кои се договара ДПА да го поддржи ВМРО – ДПМНЕ и да се прегласува на неколку избирачки места на локалните избори во 2013 -та година во Струмица.
Аудио…Сашо Мијалков и Мендух Тачи
СМ: Мендух…
MТ:Кажи
СМ:Шо праиш?
МТ: Еве тука седам со луѓе
СМ:Имам една хитна ургенција за тебе.
МТ: Да
СМ: Може ли да гласате за нас сега за Струмица? Да не…
МТ: У Комисија?
СМ: Да у ДИК.
МТ: Да може еве да се јавам одма
СМ: Ама треба тоа сега одма да се почне сеа за 5 минути ние одложуваме малце…
МТ:Одма одма…Одма, одма се јавувам за минута и ти кажувам.
СМ: Ајде ајде.
Аудио..Мендух Тачи и Бедредин Ибраими
МТ: Сега Струмица ви е на ред, така?
БИ: разговораме за тоа.
МТ: Ќе гласаш за овие…да се поништат?
БИ: …. за две минути…
МТ: Да гласаш да се поништат бидејќи се договоривме за Чаир…“
Откако ги слушнаа разговорите, Специјалното обвинителство пушти едночасовна снимка од расправата во Државната изборна комисија. Обвинетите прашаа зошто оваа снимка е предложена како доказ? СЈО им порача дека тоа ќе им го кажат во завршните зборови. Во судницате денеска меѓу погласните беше поранешниот член на ДИК, Бедередин Ибраими. Смешни ги нарече обвинувањата дека примал наредби од Тачи и Мијалков.
Сум служел војска во ЈНА. Сум добил таму документ од претпоставените, во кој беше наведено: ’Тешко прима нареѓење‘. Значи, тешко сум примал наредби. Мене на 63 години Сашо Мијалков ќе ми наредел како да гласам во ДИК за приговор! Јас ќе ви докажам дека не е така. Ќе предложам и други докази со кои ќе докажам дека и други луѓе ми вршеле притисок да гласам“, рече Ибраими.
На крајот на денешното рочиште Сашо Мијалков, Мендух Тачи и Бедредин Ибраими не сакаа да дадат изјави. Не сакаа да зборуваат ниту останатите обвинети, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, сите поранешни членови на ДИК. Судењето продолжува на 27 август по колективниот одмор на судот.