Бомбардирана џамија во Кабул додека во неа имало верници на молитва


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмалку 6 лица беа ранети во експлозија на бомба која била фрлена во најголемата џамија во густо населена област на авганистанската престолнина Кабул, соопшти локалната полиција.

„Ги завршивме молитвите и тргнувавме надвор од џамијата кога се случи експлозијата“, изјавил верникот Мохамед Јасин за новинската агенција АФП, а пренесе Алџезира.

Портпаролот на полицијата во Кабул, за АФП изјави дека граната била фрлена во џамијата Пул-е-Кисти, а осомничениот бил уапсен на местото на настанот.

Причината за бомбардирањето на џамијата сè уште е непозната, а никој не презеде одговорност за нападот, втор за помалку од една недела во Кабул.

Изминатиот викенд експлозија имаше и на пазарот во Кабул, кога според последните објавени информации, едно лице загина, а 59 беа повредени. За нападот, талибанските власти ги обвинија крадците кои се обиделе да извршат грабеж.