„Бомба“: Томас Милер се сели во Серија А


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Билд“ пишува дека ѕвездата на Баерн, Томас Милер е спремен да го напушти Минхен поради нарушениот однос со тренерот Нико Ковач.

Човекот кој цела кариера ја помина во Баерн и освои се што можеше да се освои не крие дека е разочаран од третманот кај тренерот Ковач и е спремен уште во јануари да ја промени средината.

„Билд“ пренесува дека Интер е сериозно заинтересиран да го донесе во своите редови токму како замена за Иван Перишиќ.

Освен Интер, за Милер се интересираат и Арсенал и Манчестер Јунајтед кои исто така ќе се засилуваат во јануари, но „нероаѕурите“ се најконкретни во моментов.

„Апсолутно не сум задоволен од ситуацијата. Јас имам 30 години и премногу сум амбициозен за да седам на клупа“, призна Милер.