БОМБА: Реал Мадрид спремни 150 милиони за Милинковиќ-Савиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе биде една од „најжешките“ трансфер теми ова лето.

За него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти, а последната информација од Апенините вели дека Реал Мадрид е спремен да плати 150 милиони евра за неговиот потпис.

Милинковиќ-Савиќ одигра фантастична сезона во дресот на Лацио и се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Европа, па неговата цена цртоглаво порасна.

Јувенту и Манчестер Јунајтес се силно заинтересирани за Србинот и се спремни да понудат 100 милиони евра, но таа сума не ги задоволува апетитите на Лацио.

Лацио за неговата слобода бара 150 милиони евра, а последните информации се дека Флорентино Перез е спремен да ја плати таа сума.

Сергеј неодамна изјави дека ќе одлучи за неговата иднина по завршувањето на Светското првенство.