„Бомба“: Погба им ја открил на соиграчите следната дестинација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еминентниот француски весник „Екип“ открива дека Погба им открил на блиските соиграчи дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето.

Притоа, Французинот има ја открил и следната дестинација, а негова најголема желба е да се пресели во Реал Мадрид.

Весникот тврди дека францускиот репрезентативец бил незадоволен од тоа што Јунајтед не може да обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, но и неможноста да се бори за важни трофеи.

Познато е дека Зинедин Зидан покажува голем интерес за својот сонардоник и го постави како приоритет во летниот преоден рок.

Како можен проблем во потенцијалниот трансфер на Погба се споменува тоа штоФлорентино Перез не е премногу воодушевен од идејата за ангажман на Французинот.

Меѓутоа еден од условите со кој Перез го убеди Зидан да се врати е слободата во градењето на тим по негова желба и сигурно дека зборот на Французинот сега има големо влијание.

Пред неколку дена се појавија информации дека преговорите помеѓу Реал Мадрид и Погба се во тек веќе некое време, според информациите „кралевите“ се спремни да платат 150 милиони евра.