Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Човек вработен на имотот од Џорџ Сорос пронашол бомба подметната во поштенското сандаче од домот на познатиот инвестициски магнат. Њујорк Тајмс пренесува дека бомбата е детонирана во блиската шумска околина.
Сорос е мета на непријателски медиумски кампањи на владејачката гарнитура во неговата родна Унгарија и е непожелна фигура за десничарите во Источна Европа и САД.
Според соопштението на полицијата од Бедфорд, властите добиле телефонска пријава за сомнителен пакет на адресата на Сорос, на неговиот имот во округот Вестчестер, северно од Њујорк.
Вработен на имотот го отворил пакетот и открил дека има сомнително експлозивно средство.
Потоа го однел предметот во блиската шума и ја повикал полицијата.
Полициски техничари пристигнале на местото на настанот и ја активирале бомбата, рече претставник на полицијата за Њујорк Тајмс.
Како што се дознава, Сорос, кој живее на таа адреса, во тоа време не бил дома.