Бомба од „Титаник“: Божиновски „го попарил“ Јанакиески со анкетата за „четворка“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во еден од разговорите кои се преслушуваат во рамки на судското рочиште за случајот на СЈО со име „Титаник“ поврзан со изборните нерегуларности, се слуша муабет меѓу аналитичарот Владимир Божиновски и бившиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во кој Божиновски го известува Јанакиески за падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица.

Jанакиески станува нервозен или како што самиот вика ,,ушите ми зујат и срцето забрзано ми чука“, кога Владимир Божиновски, во десетминутниот телефонски разговор му кажува дека паѓа поддршката за ВМРО ДПМНЕ во 4 изборна единица, пренесува Нова ТВ.

,,Ме попари“, вели Јанакиески, а Божиновски одговора дека можеби и тој направил грешка во анкетата, но дека трендот е надолен.

-Ич не ми е јасно, вели Божиновски и пцуе по политичките конкуренти – СДСМ и го советува Јанакиески ,,да продолжи јако до крај“.

По ова Јанакиески бара совети од сопартијци како да го поправат партискиот рејтинг, па се слушаат предлози ,, невладина организација да му даде награда на Миле“, да се најави голем проект како Прилеп 2014, да се истура зејтин, брашно се што може и да се договораат ,,ексклузивни“ интервјуа со Миле Јанакиевски.

Во моментов е пауза за обвинетата Гордана Јанкулоска да може да ги изврши мајчинските обврски. Судењето продолжува во 13 и 30.