Advertisements
Спорт

„Бомба“ од Шпанија: Серхио Рамос го напушта Реал

Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос не е сигурен за својата иднина на „Сантиаго Бернабеу“ и сериозно размислува да ја промени средината ова лето.

Ова денес ексклузивно го пренесе „Ел Чирингуито“, додека од „Марка“ ја потврдија информацијата и дополнуваат дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Реал во неколку наврати кажал „НЕ“ за евентуален трансфер, но ситуацијата се променила кога самиот Серхио Рамос го известил раководството дека размислува за трансфер.

„Кралевите“ сега очекуваат конечна одлука од Рамос, кој смета дека промена на средината во овој момент ќе биде добро како за него, така и за клубот.

Во Реал веруваат дека нивниот капитен ќе одлучи да остане на „Сантиаго Бернабеу“, но сакаат побрзо да ја слушнат конечната одлука за да донесат адекватна замена ова лето.

Можно е доколку Рамос одлучи да остане во Мадрид, да побара нов договор од раководството на „кралскиот“ клуб.

„Марка“ додава дека Рамос почнал да размислува за напуштање на клубот откако дошло до расправија помеѓу него и претседателот Флорентино Перез после елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампиони.

Advertisements

Најпопуларно

To Top