БОМБА од Шпанија: Реал Мадрид купи нов напаѓач!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид реализира нов летен трансфер, но не на некоја од суперѕвездите кои беа на радарот на „кралевите“ ова лето.

Имено, на „Сантиаго Бернабеу“ пристигна 25-годишниот Мариано Дијаз од Олимпик Лион, откако „кралевите“ ја активираа клаузулата да го вратат во своите редови за 22 милиони евра.

Лион имаше договор со Севиља за трансфер на Маријано, но во последен момент Реал ја искористи можноста да го врати во своите редови. Претседателот на Севиља за „Марка“ потврди дека самиот напаѓач преферирал да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Мариано е продукт од школата на Реал и помина една сезона 2016/17 со првиот тим, но поради големата конкуренција беше продаден во Лион. Сега „кралевите“ ја искористија клаузулата во договорот и го вратија во своите редови за 22 милиони евра плус бонуси.