Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот весник „Марка“ утрово објави неверојатна информација и тврди дека Реал Мадрид добил „зелено светло“ од Челзи да започне преговори со Еден Азар за евентуален трансфер на „Сантиаго Бернабеу“.
Реал веќе подолго време е заинтересиран за белгискиот репрезентативец, бидејќи Зидан е голем симатизаер на играта на Азар. Меѓутоа, до сега од Челзи одбиваа да започнат било какви преговори за продажба на нивната ѕвезда.
Сега весникот кој е близок до Реал Мадрид тврди дека Марина Гранонскаја, која е задолжена за финансиските операции во Челзи, спремна е да ги слушне понудите за Азар.
Наводно Роман Абрамович му понудил многу богат договор за да го убеди Азар да остане на „Сантефорд Бриџ“, но Белгиецот е спремен да ја промени средината после пет години поминати во Челзи.
Зинедин Зидан во него гледа идеално засилување за „кралскиот“ клуб, а Азар смета дека сега е вистинското време за нов предизвик во кариерата.