БОМБА ОД МИНХЕН: Хари Кејн го менува Левандовски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Баерн Минхен најверојатно на лето ќе остане без Роберт Левандовски, па раководството на баварскиот гигант веќе е впо потрага по негов наследник.

Шпанска „Марка“ пренесува дека главна мета на Баварците е напаѓачот на Тотенхем и англиската репрезентација Хари Кејн.

Мадридскиот весник тврди дека Левандовски веќе ги информирал челниците на Баерн дека неговата желба е да се пресели во Мадрид на крајот на сезоната и со тоа им дал доволно време да му најдат замена.

Наводно, Баерн сака да го донесе Хари Кејн и тоа во пакет со Маурисио Покетино, во кого гледаат како идеален наследник на Јуп Хејнкес.

Сепак, нема да биде воопшто лесно да се убеди Тотенхем да ја пушти својата најголема ѕвезда, а Баварците имаат и алтернатива.

Како резервна опција се споменува гермнаскиот репрезентативец и член на Лајпциг, Тимо Вернер.