„Бомба“ од Минхен: Баерн ја сака ѕвездата на Реал Мадрид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германски „Билд“ пренесува дека Баерн Минхен сака во своите редови да го донесе еден од најскапите фудбалери на светот.

Сигурно не очекува „жешко лето“ кога се трансферите во прашање. Првиот голем трансфер беше реализиран вчера, откако Ливерпул за 50 милиони евра го донесе Фабињо од Монако.

„Билд“ пренесува дека Баерн Минхен е силно заинтересиран во своите редови да го води Герет Бејл. Велшанецот јавно изјави дека не е задоволен од својот статус и размислува за промена на средината.

Како фаворит за неговиот потпис важеше Манчестер Јунајтед, но Нико Ковач побарал од раководство да се обидат да го донесат во Минхен.

Наводно Бејл нема против да се пресели на „Алијанц Арената“, а Баварците спремиле понуда од 100 милиони евра.

Останува да видиме дали таа сума ќе биде доволна за „кралевите“ да ја пуштат својата ѕвезда.