Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Очигледно на површина излегува нова афера од типот на „Големото уво“, откако обвинителот Љубомир Јовески откри дека фиксната телефонија на Јавното обвинителство на Република Македонија била комплетно прислушувана најмалку две години.
Снимањето на разговорите од фиксните телефони поставени во зградата на обвинителството на кејот на Вардар се одвивало најмалку две години открива државниот јавен обвинител.
Првиот снимен разговор на двата хард диска поставени во склоп на телефонската централа е од 30 септември 2016 година.
Обвинителот Љубомир Јовески, соопшти дека за овој случај е отворена и предистражна постапка.
Ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата, овластувањата за нејзино користење, како и дали, во колкав обем и за кои цели е вршена употреба на снимените податоци, соопштуваат од Обвинителството.
Првиот човек на Јавното Обвинителство соопшти дека ќе се истражува и дали се вршело снимање на разговорите во ОЈО за организиран криминал, кое пак е сместено во зградата на Апелација.