БОМБА од Италија: Милан работи на две топ засилувања


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанскиот гиган Милан има намера сериозно да се засили во летниот преоден рок, а како главни мети се звездите на Баерн Минхен и Лион.

Милан во вториот дел од сезоната под водство на Гатузо игра фантастично, па сметаат дека со две-три Топ засилувања слената година ќе се борат за Скудето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека главни мети се Артуро Видал од Баерн Минхен и Мемфис Депај од Лион.

Наводно „росонерите“ веќе почнале да работат на овие засилувња, а сакаат да донесат и еден врвен напаѓач, бидејќи Калиниќ и Андре Силва не ги оправдаа очекувањата и најверојатно ќе бидат продадени.

Меѓутоа, „росонерите“ имаат проблем со финансискиот фер-плеј, па чекаат дозвола од УЕФА за да можат да ги реализираат овие трансфери.

Депај неодамна јавно потврди дека би сакал да се пресели на „Сан Сиро“, додека Видал се уште не го продолжил договорот со Баварците и сака да се врати во Италија.

Нема сомнеж дека ова би биле две големи засилувања за „росонерите“, но дали ќе бидат доволни за борба за титулата?