„Бомба“ од Италија: Милан преговара со Модриќ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еминентниот новинар на „Скај Спорт“ Џанлука ди Марцио лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Милан започнал преговори за трансфер на Лука Модриќ.

Вчера во канцелариите на Милан пристигна агентот Владо Лемиќ, кој е менаџер на Лука Модриќ и двете страни разговарале за можен трансфер на Хрватот на „Сан Сиро“.

По освојувањето на Златната топка, Модриќ имаше пад на формата, а Зидан инсистира да го донесе Погба ова лето, кој би требало да биде замена за Хрватот.

Модриќ наскоро ќе наполни 34 години и има уште една година од договорот, па Реал е спремен да го пушти ова лето доколку најде адекватна замена.

Директорот на „росонерите“ Звонимир Бобан е близок пријател со Модриќ и имал неколку разговори со плејмејкерот, кој наводно дал зелено светло за трансферот.

Сепак, клучниот збор за трансферот ќе го има Реал Мадрид, кој најпрво сака да донесе еден врвен играч за врска, пред да се ослободи од Модриќ.